Свет
5. March 2019 - 22:07

Франција: Со акција на специјалци, уапсен забарикадираниот затвореник

Радикализираниот затвореник кој утрото тешко рани двајца чувари во затвор во Нормандија, беше совладан вечерва во операција на француските специјални полициски единици РАИД.

Жената со која беше забарикадиран во блокот за посети, почина од раните здобиени за време на акцијата.

Француската влада соопшти дека тој напад го оквалификува како терористички. Затвореникот бил осуден на 30 години поради вооружен грабеж, киднапирање, убиства и тероризам.