Свет
27. November 2016 - 10:29

Франција: Републиканците гласаат за кандидат за претседател на државата

Републиканците, француската партија на десниот центар, денеска бира кандидат за претседателските избори во следната година. За фаворит се смета поранешниот премиер Франсоа Фијон (62).

Изборот на кандидати е прв таков за републиканците, а означен е како борба на конзервативниот и економски радикален Фијон и умерениот Ален Жипе (71) кој исто така беше премиер на Франција.

Фијон и Жипе пред седум дена освоија најмногу гласови во првиот круг внатрепартиски избори кај Републиканците. Поранешниот претседател Никоа Сакрози не успеа да се квалификува за вториот круг гласање. 

Ново на Сител