Loading Video...
Свет
2. December 2018 - 22:12

Франција пред вонредна состојба по вчерашното насилството за време на протестот на жолтите елеци

Француската влада ги повика демонстрантите кои од 17 ноември  протестираат поради високите цени на горивата да седнат  на преговарачка маса. Владиниот портпарол изјави дека се размислува  и за воведување вонредна состојба  во земјата со цел да се спречат големи нереди , како вчерашните во Париз.Протестот  почна мирно но заврши со жестоки судри помегу полицијата и демонстрантите .133 лица се повреднеи од кои 23 полицајци. Приведени се 412 лица. Според  властите насилството  го предизвикале екстремисти кои се инфилтрирале меѓу мирните демонстранти.  Претседателот Макрон порача дека одговорните ќе бидат  однесени на суд.