Свет
15. March 2017 - 17:30

Франција планира да затвори уште еден мигрантски камп

Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Лруа изјави денеска дека безбедносните сили ќе почнат што е можно побрзо да демонтираат уште еден камп за мигранти во северниот дел на земјата, во близина на пристаништето Денкерк.

Бројот на мигрантите кои престојуваат во кампот Гранд-Синте се зголеми на околу 1.400 - 1.500 лица.

Минатиот октомври е уништен камп, кој беше наречен Џунгла, исто така на француското крајбрежје, во близина на Кале.