Свет
4. December 2015 - 15:35

Франција објави водич во случај на терористички напад

Француската Влада објави денеска водич „Што да направите во случај на терористички напад“, поттикнат од нападите во Париз на 13 ноември, во кој смртно настрадаа 130 луѓе.

Водичот, кој е објавен на сајтот на француската Влада, содржи детални објаснувања, со кои граѓаните се упатуваат пред опасност да „побегнат, да се сокријат и да ја известат полицијата“, пренесуваат француските медиуми. 

Прирачникот содржи и дијаграми со нацрти како најдобро да се заштите, упаства како да се блокира вратата со тросед, да се исклучи звукот на паметните телефони, криење под прозорците и да не се трча кон полицијата.