Македонија
1. October 2019 - 16:45

Франција не открива дали ќе одобри датум

На две недели пред Советот на ЕУ, официјален Париз се уште не открива дали ќе поддржи отворање пристапни преговори на Европската Унија со Македонија.

Францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Моншалан прашана во Паррламентарното собрание на Советот на Европа, дали Макеоднија може да очекува поддршка од Франција за почеток на преговорите , одби директно да одговри, туку обзнанувањето на одлуката го остави за 15 октомври во Луксембург.

,,За состојбата во Северна Македонија, верувам дека е неопходно, многу јасно да се поздрави историската етапа што беше со Договорот од Преспа. Не сум сигурна дека има многу влади во нашиот современ свет кои се толку храбри во врска со вакви прашања на регионално помирување, да одат дури и да го менуваат името на една земја. Верувам дека навистина мора да бидеме многу цврсти и навистина да ја поздравиме политичката храброст што беше потребна за да се постигне овој договор. Јас нема да ги прејудицирам одлуките од 15-ти октомври во Луксембург. Сепак, минатиот јули, на состанокот Советот за општи работи, а потоа и Европскиот совет, се обврзаа на јасна и суштинска одлука во октомври. Од тогаш, имав многу размени со лидерите на Северна Македонија и можам да ве уверам дека работиме за да донесеме јасна и суштинска одлука‘‘, изјави де Моншалан.

Претседавачот на комитетот на министри не попушти ниту на повтореното прашање на истата тема од пратеничката од Норвешка, Лизе Кристоферсен која е и коизвестител за постмониторинг дијалогот за земјава. Де Моншалан повтори дека во Луксембург на 15-ти октомври Франција ќе има јасна и суштинска дискусија.

По позитивните пораки од германскиот Бундестаг и од Холандија за почеток на преговори со Македонија, Франција остана единствената членка која до сега јасно не поддржа продолжување на евроинтегративниот пат на земјава.