Свет
13. November 2017 - 18:21

Франција: Можни се нови санкции против Иран поради ракетната програма

Француското Министерството за надворешни работи соопшти денеска дека би можело, доколку е потребно, да воведе санкции против Иран поради ракетната програма на земјата.

- ЕУ веќе воведе санкции за иранските ентитети кои се вклучени во  балтичката програма. Ако има потреба, нови санкции би можеле да бидат воведени, изјави портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Агнес Ромате-Еспањ.

Иран во неделата го одби повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да разговараат за балистички проектили, велејќи дека програмата е дефанзивна и нема никаква врска со нуклеарниот договор постигнат со светските сили.