Франција ќе продолжи да ги поддржува земјите од Балканот во справувањето со миграциската криза
Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој зборуваше пред ПССЕ, одговарајќи на прашањата на пратениците, нагласи дека Франција и ЕУ ќе продолжат да ги поддржуваат земјите од Балканот во справувањето со миграциската криза, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Францускиот претседател ова го рече, како одговор на прашањето на македонскиот пратеник Александар Николоски, кој во името на групата на Народните партии го праша Франсоа Оланд, дали Европската Унија има друго решение за кризата со бегалците, ако сегашните понудени решенија не успеат. Притоа Николоски потсети дека Македонија се наоѓа на патот на мигрантите.
Според Оланд, земјите членки на Европската Унија треба да ги заштитат своите надворешни граници и дека таа работи на нивната заштита и со земјите кои не се членки на Унијата. Тој притоа инистираше на спроведувањето на договорот постигнат со Турција.
- Ние гледаме што се случува и на другите патишта со мигрантите. Знам и свесен сум дека Балканот е прв погоден и затоа беа донесени унилатерлани мерки. Но ние му помагаме и ќе му помагаме на Балканот не само во ефективната контрола на границите, туку и со друга помош за справување со кризата, истакна Оланд.
Претходно, францускиот претседател ја повтори определбата да ја растури „џунглата“ од Кале, каде околу 10.000 мигранти чекаат да преминат во Велика Британија и да прими околу 30.000 беглаци или мигранти, како што беше предвидено со европскиот договор за прераспределба.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите