Свет
10. May 2016 - 21:17

Франција ја продолжи вонредната состојба

Францускиот Парламент денеска го поддржа предлогот за продолжување на вонредната состојба, воведена по терористичкиот напад во ноември минатата година, со цел оваа мерка да биде во сила и за време на Европското првенство во фудбал и велосипедската трка Тур де Франс. 

Горниот дом на Парламентот ја продолжи одлуката за вонредна состојба со големо мнозинство од гласовите, бидејќи за тој предлог гласаа 209 пратеници, а само 30 беа „против“ и тоа претежно од комунистичките и еколошките партии.

Вонредната состојба е воведена по терористичките напади на 13 ноември во Париз, во кои загинаа 130 лица, а веќе беше продолжена во февруари и требаше да трае до 26 мај.