Франција ја доби „зделката на векот“ вредна 34 милијарди евра за изградба на 12 подморници за Австралија
Француското бродоградилиште ДЦНС го доби договорот за изградба на 12 подморници од типот „Баракуда“ за Австралија, договор вреден 34 милијарди евра, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Mинистерот за одбрана Жан-Ив ле Дриан, ја оцени како „голема победа на француската бродоградилишна индустрија“ тврдејќи дека договорот ќе создаде иладници работни места во Франција.
Тој договор вреден 34 милијарди евра, се смета за рекорден, со него ќе бидат создадени 3000 работни места во Франција и во Австралија. Имено подморниците ќе бидат градени во Аделаида, но се ќе зависи од крајот на преговорите, како и за трансферот на технологија. Претходниот рекорд беше од продадените седум подморници на Бразил за 7 милијарди евра во 2006 година.
Договорот добиен од Австралија ќе тежи многу и во идните преговори кои се водат на пример со Норвешка, за испорака на 6 подморници. Тие би биле градени во Франција, бидејќи Норвешка нема бродоградилишта.
Францускиот претседател Франсоа Оланд и министерот за одбрана Жан-Ив Ле Дриан попладнево ќе го посетат Шербур, а во текот на ноќта Оланд се огласи со соопштение за печатот во кое нагласува дека „изборот на Австралија да и ги довери на Франција изградбата на 12-те подморници е историски“.
Според Оланд, ова го одбележува и стратегиското партнерство меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор