Свет
28. November 2015 - 14:59

Франција им забранила влез на 1.000 „ризични“ лица

По терористичките напади во Париз на 13 ноември, француските власти им забранија влез во земјата на околу 1.000 лица, за кои е оценето дека претставуваат „безбедносен ризик“ за Франција, соопшти денеска францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.     

- На овие луѓе не им е дозволено да влезат во Франција поради ризикот што би можеле да го претставуваат за јавниот ред и безбедноста на нашата земја, изјави Казнев за време на посетата на Стразбур. 

Казнев нагласи дека на француските граници се распоредни околу 15.000 полицајци, припадници на жандармеријата и цариници, чија цел е да ја зајакнат безбедноста на земјата, особено во пресрет на самитот за климата што почнува во понеделник во Париз, како и да се справат со зголеменото ниво на терористички закани со кои се соочува Франција.

По нападите во Париз, франуската Влада прогласи вонредна состојба во земјата и воведе контрола на границите.