Македонија
18. March 2019 - 16:16

Франција и Холандија не се убедени дека земјава е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ

Франција и Холандија , се меѓу најскептичните членки за почеток на преговорите на Унијата со Македонија. Ова за Миа  го изјави унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто, по работниот појадок на министрите на Унијата со Никола Димитров и Бујар Османи во Брисел.

Според Сијарто,  отпорот најверојатно се должи на тоа што овие земји се оддалечени од регионот.

И холандскиот министер Стеф Блок  по состанокот потврди дека за нив не е доволен само  преспанскиот договор за напредокот на земјата во евроинтегративните процеси.

Важно е Северна Македонија да продолжи да напредува, Холандија е строга и праведна во однос на примената на условите и мислиме дека е од најголема важност Северна Македонија да покаже јасни резултати, посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, оддаваме признание за решавањето на спорот за името, но тоа не го прави помалку потребно покажувањето напредок во другите области, изјави  Блок за МИА.

Истото го потврди и белгискиот шеф на дипломатијата. Тој за  за македонската државна агенција рече дека членките на Унијата ке инсистираат не само на донесување на реформските закони, туку и на нивното спроведување.

Најсилна  поддршка за започнување на прегворите дојде  од источноевропските, како и  од Италија и Ирска., а нашата европска песрпектива ја поддржа и грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос.

Сакавме да испратиме порака  дека кога една земја се обидува да се усогласи со европското законодавство и ние Европејците треба да реагираме на ист начин и да ѝ го отвориме европскиот пат, изјави  Катругалос.

Тој се осврна и на праспанскиот догвор, со оценка дека е генерално задоволен од тоа како спогогодбата досега се спроведува.

Од своја страна, македонскиот министер Димитров ги брифираше своите европски колеги за  тековните реформи во земјата, но им порача дека земјта очекува да добие зелено светло за почеток на прегворите во јуни.

Нашата работа е да ве убедиме дека она што го имаме денес во Северна Македонија е можност за ЕУ. Нашата цел е да се трансформираме и да станеме европски во начинот на кој функционира нашиот систе, истакна Димитров во Брисел.

Вицепремиерот за евроинтеграции Османи пак информираше за динамиката по која се остварува реформската агенда.