Свет
8. December 2015 - 13:22

Франција и Германија за намалување на бројот на бегалци во Европа

Франција и Германија изразија во писмо до ЕК „цврсто уверување“ во потребата да се намали приливот на бегалци во Европа.

- Многу остро отфрлуваме било која забуна кога станува збор за терористи и бегалци, наведуваат во писмо министрите за надворешни работи на двете земји Бернар Казнев и Томас де Мезиер.

Двајцата министри, во писмото ја повикале европската гранична агенција Фронтекс да пружи „суштинско зајакнување“.