Свет
28. December 2016 - 8:46

Франција годинава регистрирала околу 90.000 барања за добивање бегалски статус

Франција оваа година регистрирала околу 90.000 барања за добивање бегалски статус и речиси сите овие луѓе ќе останат во земјата, пишува весникот „Фигаро“.

Статистиките, на кои се повикува весникот, покажуваат дека миграцискиот притисок не завршил и дури оваа година е забележан пораст од 10 отсто на поднесените барања.

Ваквиот раст можеби не изгледа голем, но зад него се крие уште поголемо зголемување на мигрантскиот прилив, бидејќи постои една широко распространета административна практика, а тоа е по однос на 25 проценти од кандидатите за азил започнува процедура за враќање во земјата, преку која влегле во ЕУ, како што предвидува Даблинската регулатива.