Свет
16. November 2015 - 9:25

Франција ги затвора џамиите во кои се проповеда радикален ислам?!

Нормативни мерки за затворање џамии во кои се проповеда радикален ислам ќе бидат разгледани наскоро во францускиот Министерски совет, изјави Бернар Казнев, министер за внатрешни работи.

Во изјава за Франс-2 тој рече дека ќе треба да бидат екстрадирани луѓе кои во Франција проповедаат омраза, кои учествувале или има сомненија дека учествуваат во терористички активности.

– Ќе разговараме во Минстерскиот совет за можноста да затвориме џамии во кои се проповеда омраза, изјави Казнев. Тој вели дека уште пред нападите од петокот биле зголемени средствата за службите за разузнавање – 1.500 нови работни места и речиси 220 милиони евра инвестиции.