Свет
14. May 2017 - 9:21

Франција: Досега има над 75.000 жртви во кибер нападот

Француската полиција соопшти дека регистрирала над 75.000 жртви во кибер нападот во десетици држави во светот, јавија француски медиуми.

Полицијата додава дека тие податоци се уште не се конечни бидејќи нападот се уште трае.

Европол го оквалификува кибер нападот дека „е на досега невидено ниво и без преседан“.