Франција би можела оваа зима повторно да активира една електрана на јаглен
Електраната на јаглен на истокот на Франција, затворена на 31 март, би можела да биде рестартирана зимава, со оглед на ситуацијата во Украина и тензиите на енергетскиот пазар, потврди француското Министерство за енергетска транзиција.
Од Министерството изјавија дека ја оставаат можноста за активирање на централата Сент Аволд на дополнителни неколку часа, доколку има потреба, за следната зима.
Како што беше наведено, Франција во секој случај ќе остане под еден процент од електричната енергија произведена од јаглен, а руски јаглен нема да се користи.
Во Франција има само уште една електрана на јаглен во Кордеме на запад, каде што повеќе од 67 отсто од електричната енергија се произведува од нуклеарни извори, а фосилните горива сочинуваат 7,5 отсто во 2020 година, од кои 0,3 отсто биле јаглен и 6,9 проценти гас.
Министерството соопшти дека рестартирањето на централата се вклопува во нејзиниот план за затворање и дека планот на претседателот Емануел Макрон за затворање на сите фабрики на јаглен во Франција останува непроменет.
Ново на Сител
-

Осум поранешни функционери од Општина Сарај и Град Скопје ќе одговараат за злоупотреба на службената положба
-

Фон дер Лајен најави исплата на шест милијарди евра поддршка за Украина
-

Дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 16 ноември
-

Собраниска делегација ќе положи цвеќе по повод 81 година од ослободувањето на Скопје
-

Општина Крива Паланка најтранспарентна локална самоуправа во државата
-

Најмалку 37 лица загинаа во Перу откако автобус падна во бездна длабока 200 метри
-

Приведени две лица во Валандово за управување возило под дејство на алкохол и за поседување дрога
-

Градот Скопје со оддавање почит и признанија го слави 13 Ноември – Денот на ослободувањето
