Ракомет
14. January 2017 - 17:17

Франција 2017: Словенците среќни, Исланѓаните разочарани

Репрезентацијата на Словенија ја постигна и втората победа во групата Б откако попладнево во Мец го совлада Исланд со 26:25. На прес конференцијата по дуелот двата селектора со различни расположенија се појавија пред новинарите.

Веселин Вујовиќ (селектор на Словенија): 
- Исланд се бори сите 60 минути. Во првиот дел имавме силна одбрана 6-0, а на почетокот на вториот дел направивме неколку грешки што противникот ги казни. Задоволен сум што имаме 4 бода, а следи дуелот со Македонија.
Геир Свеинсон (селектор на Исланд):
- Ова е разочарувачки. Лошо е секогаш кога ќе се загуби. Во првиот дел во нападот бевме премногу пасивни, а во вториот дел беше подобро. Задоволен сум само од вториот дел.