-->
-->
Франција 2017: Полуфинале Хрватска - Норвешка
-->
Ракометарите на Хрватска по шести пат вечерва ќе играат полуфинале на Светските шампионите, додека нивниот ривал Норвешка го игра своето прво полуфинале. Хрватската репрезентација има една шампионска титула од 2003 година, а уште трипати беше поразена во финалниот дуел и ова е нова можност за оваа репрезентација да се избори за финалниот дуел.
Нивниот ривал Норвешка лани на Европското првенство во Полска беше најголемото изненадување со пласманот во завршницата и освојувањето на 4.место, откако во дуелот за бронзениот медал загубија токму од денешниот ривал со 31:24. Претходно во групата Норвешка ја победи Хрватска со 34:31. Двете репрезентации лани одиграа и натпревар на Олимписките квалификации во Данска, а победа од 27:21 постигна Хрватска.
Ова ќе биде 10.ти натпревар на овие две селекции, Хрватска има 5 победи, Норвешка 2 и два дуела завршиле нерешено.
Според оценките на ракометните аналитичари шансите за пласман на двете селекции во финалето се изедначени.
Полуфиналето ќе го судат Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка, а почетокот на дуелот е во 20:45 часот.
Победникот од овој натпревар во недела во финалето ќе игра против Франција, додека поразениот утре ќе игра во натпреварот за бронзениот медал против Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца