Ракомет
15. January 2017 - 13:06

Франција 2017: Нови седум натпревари

На Светското првенство во ракомет за македонските ракометари е слободен ден, но во четирите групи ќе се играат вкупно седум натпревари. Од голема важност за пласманот на Македонија во групата е и исходот од дуелот Исланд – Тунис. Овој натпревар се игра попладнево со почеток во 14:45 часот.
Покрај овој дуел во истиот термин играат уште: Чиле – Германија (група Ц) и Аргентина – Шведска (група Д). Во терминот од 17:45 часот играат: Франција – Норвешка (група А) и Катар – Бахреин (група Д).
Во вечерниот термин се играат два натпревара: Бразил – Јапонија (група А) и Саудиска Арабија – Белорусија (група Ц).