Ракомет
29. January 2017 - 13:36

Франција 2017: Нов дуел на Франција и Норвешка, овојпат во финале

На 25.то Светското првенство во ракомет попладнево се игра финалето меѓу Франција и Норвешка. Селекцијата на Франција е домаќин и светски првак, а во својата историја има вкупно пет титули од светските првенства (1995, 2001, 2009, 2011 и 2015), две олимписки злата (2008 и 2012), како и три први места на Европските првенства (2006, 2010, 2014). Популарните „експерти“ очекуваат дека на домашен терен ќе прослават уште една шампионската титула.
За разлика од Франција, Норвешка има млад тим, кој лани на Европското првенство во Полска го освои 4.место што е нивни најдобар резултат. Во Краков лани Норвешка ја победи Франција со 29:24 (во втората фаза)и со тоа ја исфрли од борбата за медал на Европскиот шампионат. Инаку, Норвешка на шампионатот настапува со „вајлд карта“ откако беше елиминирана во баражот од Словенија.
На ова првенство во групната фаза во Нант двете селекции одиграа уште еден натпревар, а победа од 31:28 остварија Французите.
Франција на патот до финалето има  осум победи, додека Норвешка седум и еден пораз од Франција.
Финалето ќе го судат Мартин Гјелинг и Мадс Хансен од Данска, а почетокот е во 17:30 часот.