Ракомет
24. January 2017 - 20:32

Франција 2017: Домаќинот и светски првак полуфиналист

Репрезентацијата на Франција е вториот полуфиналист на СП откако во четвртфиналето вечерва во Лил пред повеќе од 28.000 гледачи ја победи Шведска со 33:30 (15:16). На полувреме Шведска имаше водство кое не успеа да го сочува до крајот на натпреварот. Најефикасни беа Мае кај ФРанција со 9 голови и Готфридсон кај Шведска со 7

Во полуфиналето Франција ќе играат во четврток против победникот од дуелот Словенија и Катар.

Во првото четвртфинале Норвешка ја победи Унгарија со 31:28 и во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Шпанија – Хрватска.