Ракомет
24. January 2017 - 10:12

Франција 2017: Борба за полуфинале

На Светското првенство во ракомет што се игра во Франција денеска се играат четвртфиналните дуели. Првата пресметка се игра во Албервил со почеток во 17 часот, каде Норвешка која ја елиминираше Македонија ќе игра против Унгарија, која го елиминира олимпискиот првак Данска. 
Четвртфиналето меѓу светскиот првак и домаќин Франција и Шведска (се игра во Лил) е дуелот на двете најуспешни селекции на Светските првенства. Франција има пет титули светски правк, а Шведска четири. Франција е освојувач на 9 медали на шампионатите, а Шведска има освоено вкупно 11 медали. На претходниот шампионат во Катар Франција ја победи Шведска во групата со 27:25. Почетокот на дуелот е во 19 часот.
Шпанија и Хрватска своето четвртфинале го играат во Монпеље. Овие две селекции во 2005 година на шампионатот во Тунис го играа финалето во кое победи Шпанија, но според оценките во овој дуел нема фаворит. Натпреварот почнува во 20:45 часот.
Во истиот термин во Париз играат Словенија и Катар. Светскиот вицепрвак Катар пред две години беше селекција составен со многу странци, но сега не е така. Таа бројка е намалена, а Катар направи изненадување со победата над Германија во осминафианлето. Словенија е селекција која има можеби најголем потенцијал.
Победниците од четвртфиналните дуели во четврток и во петок во Париз ќе ги одиграат полуфиналните натпревари.
 
Распоред на четвртфиналните натпревари: 
17:00 часот (Албервил): Норвешка - Унгарија
19:00 часот (Лил): Франција - Шведска
20:45 часот (Монпеље): Шпанија - Хрватска
20:45 часот (Париз): Словенија - Катар