Спорт плус
25. November 2018 - 10:18

Франц победи на првиот спуст за сезоната

Австриецот Макс Франц го освои првиот спуст за сезоната на Светскиот куп. Франц го даде најдоброто време во спуст во Лејк Луис (Канада) – 1:46,18 минути.

Италијанецот Кристоф Инерхофер заврши втор на патеката и неговиот резултат беше за 0,028 секунди послаб од тој на Франц. Третото место го освои неговиот сонародник Доминик Парис, кој остана 0,054 секунди зад победникот.

За 29-годишниот Франц ова е втора победа во Светскиот куп. Првата ја освои исто во спуст во Вал Гардена во декември 2016 година.

Австриецот е носител на бронзен медал во спуст на Светското првенство во Сент Мориц минатата година.

На патеката во Лејк Луис утре ќе се одржи трка во „супер-џи“.