-->
-->
„Фотошоп барбиката“ се оладила бидејќи не сум директор, поранешниот директор на АЕК се разведува
-->
Роберт Орданоски синоќа преку Фејсбук обзнани дека се разведува од неговата долгогодишна сопруга Агнеса при тоа нарекувајќи ја „фотошоп барбика“ која „се оладила“ од љубовта кон него.
Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски синоќа преку Фејсбук обзнани дека се разведува од неговата долгогодишна сопруга Агнеса при тоа нарекувајќи ја „фотошоп барбика“ која „се оладила“ од љубовта кон него.
Орданоски објави видео од прославата на неговата ќерка која наполни 17 години.
Според податоците на неговиот профил на Фејсбук тој сега работи во МЕПСО, а претходно бил извршен директор за инженеринг во „Телеком“, директор на сектор за ИКТ и член на бордот на директори во „Мепсо“.
„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка ѝ, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да ѝ ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.
Голема благодарност до персоналот на хотел ‘Молика’, секогаш ми било и повеќе од пријатно тука, момците навистина се трудат престојот да ни биде незаборавен. Големо благодарам за тоа, деновите тука се лек за проблемите дома. Тоа е тоа, одиме понатаму“, напиша Орданоски на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца