Живот
26. April 2019 - 20:26

Фотографијата од раката на овој човек ја лајкнале половина милион луѓе поради важниот детаљ

Твитерџијата Доминик Аполон собрал повеќе од половина милиони лајкови на фотографија од својата рака со фластер на неа. Но, зошто?
 
Затоа што Доминик за првпат во животот наишол на фластери во тонот на својата кожа и за првпат во животот на своето тело ставил фластер кој не отскокнувал од неговиот тен.
 
“Ми требаа 45 патувања околу Сонцето, но за првпат во животот знам како е да имате фластер во боја на кожа на себе. На првата фотографија едвај можете и да го воочите. Навистина, едвај ги воздржувам солзите”, напишал Аполон, а неговата објава воодушевила многумина.
 
Подоцна додал: “Не е дека не знаев дека постојат вакви фластери, само не очекував ваква навала на емоции во моментот кога видов како се вклопува”.
 
Под неговата објава се појавиле коментари од многумина кои сфатиле зошто овој момент толку го трогнал и додале дека токму таквите ситници како фластерот кај нив како деца создавале свесност за расата:
 
“Се сеќавам дека секогаш ја прашував мојата мајка зошто е фластерот токму во таа боја”, додала една корисничка на Твитер, а Доминик за споредба објавил и фотографија од својата рака со проѕирен фластер
 
“Да! На сетовите кога често добиваме исекотини, визажистите мора да ги бојат фластерите во кафеава боја”, напишал тој.