Балкан
3. September 2015 - 12:25

Фотографијата која го потресе светот: Детенце се удави на пат кон слобода!

Слика од младо момче кое се удавило обидувајќи се да стигне до слобода ја потресе светската јавност. Според пишувањата на медиумите, станува збор за 3-годишниот Ајлан кој настрадал заедно со својот брат Галип (5) и својата мајка во близина на Грција.
 
Бродот кој превезувал Курди се превртел на отворено море меѓу Турција и Грција. Момчињата кои биле во групата бегале од ужасот и бруталноста на Исламската држава.
 
Во бродоломот преживеал само нивниот татко Абдула.
 
Според проценките на УНХЦР, ова лето во обид преку  Средоземното Море да стигнат до Европа,загинале 2.500 лица.