Македонија
18. November 2015 - 20:08

Фотографија од терористите кои сееја смрт и страв во Франција

Најкрвавите напади кои се случија во Франција предизвикаа паника и страв. На Петок 13-ти беа убиени 129 лица, а 350 беа повредени. Ова се терористите кои сееја смрт и страв.
 
Првиот, главен терорист и воедно мозок на операцијата е Abdelhamid Abaoud. Тој се наоѓа на врвот на страшната и крвава пирамида, на терористи кои одземаат невини животи. Има 25 години и во петокот навечер сееше смрт и страв. Полицијата уште трага по него.
 
Вториот убиец е Bilal Hadfi, на дното лево, кој се разнесе со бомба и повлече животи во смрт.
 
Меѓу терористите кои ја потресоа светската јавност е и Semi Amimour, на фотографијата во центарот, десно, кој се разнесе пред концертната сала.
 
Потоа следи Salah Abdeslam, лево во централната фотографија, како и неидентификуван маж за кој се смета дека е поврзан со нападите.