Живот
29. December 2017 - 14:21

Фотографија која го шокираше Париз: Еве каде бездомните деца најдоа топло место да преспијат

Фотографијата од децата бездомници кои се греат и спијат во големите машини за перење додека нозете им висат од пералните ги шокираше жителите на Париз.

Децата наводно се мали Мароканци кои живеат на улица, а на овој тажен начин се обидуваат да се згреат во студените зимски денови. Повеќет од нив се зависници кои преживуваат со кражби.

Париските власти на тие деца, кои ги има осумдесетина им понудиле сместување и помош, но тие наводно сето тоа го одбиле. Фотографијата од трите момчиња во јавната перална за облека ја направи Парижанка неколку дена пре Божиќ и ја објави на Твитер и Инстаграм.

 

-Глетката навистина ме погоди, рече Кристен С. и додаде дека било шокантно тоа што ги затекнала тројцата млади мигранти во таа ситуација, од кои барем еден спиел во тој момент.

Иако за многумина глетката била вознемирувачка, газдарицата на пералната има мали симпатии за децата.

-Тие се дрогираат со лепак и ги напаѓаат вработените, рече таа и додаде дека многу нејзини клиенти се плашат од децата, па поради тоа и паднал прометот.