Живот
27. December 2016 - 15:11

ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГО РАЗБРАНИ ИНТЕРНЕТОТ! Дали оваа фотографија е слика и прилика за правото мајчинство?!

Имаше безброј моменти во текот на првата година од моето мајчинство кога си помислував „А зашто никој не ми го кажа ова?“ Мислам дека советување со бабиците би требало да одржува така што ќе седите во соба со неа во соба додека таа ви пушта снимки од вистинскиот живот на мајките. И тогаш би ги виделе овие работи, вели Гилиса Џејн, новопечена мајка чии што Фејсбук пост стана виреален.

Така таа го пишува следното:

Да кажеме, никој не ми кажа дека совршено е во ред да признаете дека не го „обожавате“ своето бебе кога само што ќе пристигне од вашата матка па веднаш ви го ставаат во прегратка. Во ред ви е, но не го обожавате, и во тој момент не ви е до тоа. 

Никој не ми кажа и дека конците на вагината често болат повеќе од самото раѓање.

Никој не ми кажа дека доењето боли. Секој кој вели дека доењето не би требало да боли е само половично во право.

Секако болката е сигнал дека нешто неправилно правите, но кога ќе почнете да доите, кога имате дете кое агресивно ви ги цица брадавиците, сигурно ќе боли првите неколку недели. Но, не заборавајте дека и таа болка поминува по две три недели и тогаш ќе ги имате оние блажени фотографии каде го доите детето со насмевка, наместо кога стискате заби и бришете солзи од очите.

Никој не ми кажа дек СИТЕ ќе имате мислење за одгледување на моето бебе - како да се нахрани, како да се облече, кое име да му се даде, како да се држи во раце само пет секунди затоа што инаку ќе стане размазено детиште и како, ако не ти е во раце 24 часа дневно, си лоша мајка.

Никој не ми кажа дека повеќе НИКОГАШ нема да бидам сама. Тоа вклучува седење на ВЦ школка, капење, бричење. А осебено е тешко кога малку ќе порасне, па и понатаму не сака да се одвои од вас, а вие се плашите да не му правите трауми.

Никој е ми кажа дека кога ќе се навикнете дека не сте сами, ви недостасуваат и кога спијат. Преслатко! Чекај, му се отвара окото? Бегај од собата!

Никој не ми кажа дека последиците од бременоста ги чувствувате месеци по породувањето. Како да сте биле бремена две години. Како слон. А се чувствувате и дебело како него.

Не ми кажаа дека и по доаѓањето на бебето често ќе го мразам сопругот. Некогаш навистина сакам само да се мазам со бебето, а него ниту да го погледнам. Да знам дека не сум фер. Но, никој не ми кажа и дека ќе бидам, кога ќе ги видам како заедно играат, пукам од среќа и гордост. И брзо ги собирам нозете пред да ми падне на памет да посакам уште едно дете.

Никој не ми кажа дека и покрај стравот дека јас не го можам тоа се, затоа што незнам ништо за мајчинство, всушност можам се затоа што инстинктот ми кажува што треба да правам и никогаш не ме изневерува.

Ниту една мајка не ми кажа колку била бесна по породувањето. Сите ние сме осамени, уплашени и чудни, и не се допаѓаме самите на себе. Никој не ми кажа дека ќе поминувам низ тоа. А потоа решив тоа да го споделам на социјалните мрежи и сите ми признавте дека е баш така. А ми кажавте дека тоа не трае вечност. Некогаш на нас ни доаѓа да побегнеме од дома и од се, а потоа наскоро ќе биде подобро. И полесно. Сето ова брзо ќе помине, и ќе вреди секој момент патење!