Живот
23. September 2016 - 9:45

Фотографија која го освои светот: Тие се херои и нивната љубов ќе ве научи на многу нешта:

Фотографијата која почнала да кружи по Интернет ги воодупевила сите без оглед на години и пол. 

Имено, статусот на еден момче кое успеало да ја преброди пеколната болест и тоа благодарение на неговата тогашна девојка, сегашна сопруга, целосно ќе ве разнежни. 

Тој покрај овој статус објави и фотографија од најтешкиот период од неговиот живот. 

- Сликата е направена 5 дена по хемотерапијата и тешка операција на стомакот... мојата тежина околу 55 килограми. јас во тешки болки. Јасно се гледа кој е заслужен за мојата љубов. Ме скаше и со 48 килограми. Ме сакаше и без трепки и коса.  Ме сакаше и кога не бев трпелив, најлош и најдобар. Излезе и на крај на светот со мене. Спиеше по болничките ходници додека јас се лекував. Бегаше од работа и доѓаше да спие со мене во болничкиот кревет додека сестрите не ја избркаат. Имаше денови кога не спиеше ни по четири дена и ноќи. Никогаш не рече „уморна сум“„. 

Беше млада, имаше 18 години и можеше да каже „ ајде чао“, што ќе ми е болен човек, како што би направиле 99%  од девојките денеска, но не и таа остана силна како никогаш досега и заедно победивме. Денеска имаме прекрасна принцеза и планираме уште многу мали ангели. Љубави, те сакам.