Македонија
29. August 2017 - 16:25

Фотографии од тешката сообраќајка кај клучката Хиподром

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која денес околу 11 часот се случила на автопатот Скопје-Велес, после клучката Хиподром.

Од полицијата за Курир информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Југо“ со штипски таблички и „Мерцедес“ со кумановски ознаки.

Според првичните информации на полицијата повредено е едно лице, но повеќе детали не се познати. Увидот е во тек.