Фотографии од претепаниот градоначалник Елвис Бајрам
Актуелниот градоначланик на скопската општина Шуто Орузари, кој воедни е и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште едно лице кое било со него, крвнички биле претепани со метални и дрвени прачки и попладнево од група насилници, објави НетПрес.
Според првичните информации до кои дојде Нетпрес, Бајрам бил во друштво со лицето Аднан Мемет, кое е дел од неговиот изборен штаб. Двајцата оделе во посета на жители на населбата Шуто оризари, како дел од предизборната кампања.
Околу 17.50 часот додека се движеле по улицата Гвадалахара, четири лица непознати, без никакви причина, физички го нападнале прво Аднан, а потоа и Бајрам. Откако со тупаници ги собориле на земја, почнале да ги удираат со клоци и со метални и дрвени прачки.
Од крвничкото тепање Елвис Бајрам паднал во безсознание. Насилниците побегнале, а екипа на Брзата помош констатирала тешки повреди кај Бајрам. Веднаш бил одвезен во скопската градска боница „Осми септември“, каде поради сериозноста на повредите бил хоспотализиран.
Случајoт бил пријавен и во полиција.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски