Кошарка
22. November 2016 - 16:33

(ФОТО): Одредени групите за Евробаскет 2017

Попладнево во Истанбул беа одредени групите за следното Европско првекство во кошарка кое ќе се одржи од 31 Август до 17 септември следната 2017 година. 
 
По четири последнователни ушества на Евробаскетот, овојпат ќе ја нема репрезентацијата на Маекдонија. 
 
Како и претходното пред две години така и овојпат првата фаза од шампионатот ќе се игра во четири земји и тоа: Финска, Израел, Романија и Турција.
 
Во првиот дел од првенството 24-те селекции ќе бидат поделени во четири групи и тоа: 
 
 
А група (Хелсинки): Полска, Грција, Франција, Финска, Исланд и Словенија.
 
Б група (Тел Авив): Уктаина, Израел, Литванија, Грузија, Италија и Германија.
 
Ц група(Чуј Напока): Хрватска, Чешка, Шпанија, Црна Гора , Романија и Унгарија.
 
Д група (Истанбул): Велика Бријанија, Русија, Србија, Летонија, Турција и Белгија.
 
 
Прво пласираните четири од секоја група ќе обезбедат пласман во нокаут фазата која ќе се игра во „Синан Ерден“ арената во Истанбул.