Кошарка
6. July 2016 - 16:25

(ФОТО) Нов убедлив пораз на македонските младинци на турнирот во Истанбул

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години претрпе уште еден убедлив пораз на турнирот во Истанбул.

Откако вчера црвено-жолтите загубија од домашната селекција на Турција со 25 поени разлика, попладнево избраниците на селекторот Љупчо Малинков, беа поразени од врсниците од Франција со 46-80 по четвртини 15:25, 07:22, 08:17 и 16:16. 

Во редовите на нашата селекција најефикасен беше капитенот Андреј Магдевски кој средбата ја заврши со 12 поени, а имаше и шест асистенции.

Утре во истиот термин од 14.30 часот македонските младинци ќе играат против Литванија, додека настапот на турнирот ќе го заокружат во петок со средбата против Србија. 

За нашата младинска репрезентација ова е ќе бидат последните контроли пред настапот на Европското првенство дивизија Б во Грција.