-->
-->
ФОТО: Нестороски во Удине ги бодреше македонските кадети
-->
Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Нестороски кој неодамна го смени својот клуб, а вчера и официјално беше промовиран како нов член на калчо лигашот Удинезе, одвои од своето време да ги посети и бодри македонските кошаркарски надежи.
„Нестор гол“ како љубат да го наречат колегите од италијанските медиуми, им даде поддршка на нашите кадети пред воведниот меч на Европското првенство за кошаркари до 16 години што се одржува во Удине.
Нестороски им го пренесе на младите кошаркари чуството како е да се носи националниот дрес на Македонија, а токму тие совети беа и можеби најважните кои нашите кадети ги применија на мечот против фаворизираната Шпанија.
За жал, тоа се покажа како недоволно да се оствари голем триумф, но прикажаното на мечот, пред се борбеноста во жолто-црвениот дрес, е за чиста 10-ка.
Исходот е минимален пораз, 61-57 за фаворитот за највисок пласман, но тоа не треба да обесхрабрува, напротив, веруваме дека младите кошаркари ќе го удостојат Нестороски со победа веќе на некој од следите натпревари.
А, прв е утрешниот против Израел во терминот од 14 часот и 15 минути.
Секоја чест за момчињата, но и пред се за големиот „Нестор гол“ .... Браво Илија.,,,,,
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак