Живот
21. January 2019 - 12:26

ФОТО: Крвава волчја Супермесечина

Вљубениците во астрономијата и необичните небесни спектакли синоќа уживаа во ретката и фасцинантна крвава волчја Супермесечина.
 
Овој небесен спектакл беше видлив од Северна и Јужна Америка, како и од делови на Западна Европа, а во Британија тешките облаци ја попречија глетката.
 
При овој вселенски феномен, Месечината свети со црвеникав сјај и делува посветла и поблиску до Земјата од вообичаено.
 
Следното целосно помрачување на Месечината ќе се случи на 26 мај, 2021 година.