Македонија
12. April 2016 - 21:20

ФОТО: Демонстранти ја нападнаа и демолираа Канцеларијата на Иванов на Рекорд

Демонстрантите пред малку се упатија кон главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде има силно полициско обезбедување, што го спречува пристапот до зградата на главниот штаб на владејачка ВМРО-ДПМНЕ.

Група демонстранти излегоа на протест против денешната одлука на претседателот за аболицирање на политичарите кои кривично се гонат и со јајца ја нападнаа и демолираа народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов, на Рекорд, која беше под силно полициско обезбедување.