Свет
22. March 2016 - 11:48

Фотката од Брисел која предизвика гнев: Цел свет зборува за овој пар - Eве зошто

Фотка од млад пар од Брисел кој се бакнува и прегрнува додека до нив седи младо повредено момче кое моли за помош, предизвика хаос на социјалните мрежи ширум светот. На фотката се гледа како лежи човек со раскрвавена нога и бара помош, а парот кој успеал да се спаси, до него е во љубовен занес. 

Додека едните ја осудуваат оваа фотка велејќи дека младите требало да му помогнат на момчето, други велат дека нема ништо лошо во тоа што се имаат еден со друг и се тешат во моментите на страв и паника.