Бизнис
14. November 2017 - 9:01

Форум за законите за градежно земјиште и постапките за градење

Форум за регулативата од областа на просторното планирање, градежното земјиште и постапките за градење организира денеска Стопанската комора на северозападна Македонија со поддршка на  УСАИД и Епи центар.

На форумот ќе стане збор за правните основи по кои можат да се поведуваат постапки согласно Законот за градежно земјиште и за утврдувањето на цената на градежното земјиште (во кои случаи има повластена цена и дали е тоа оправдано), а ќе се анализираат и проблемите со запишаните кориснички права на физички и правни лица и на субјекти кои не постојат, како и начините на бришење на корисничките права според Законот за приватизација и закупот на градежно земјиште во државна сопственост.

Предвидени се обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугрески, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија  Неби Хоџа и  директорот во Секторот за генерален развој во УСАИД Македонија,  Едвард Гонзалез.