Форум за родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем
Во Скопје денеска ќе се одржи форум за родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем во организација на UN WOMEN, Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола и Факултетот за безбедност-Скопје.
Најавено е обраќање на заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. д-р Марјан Ѓуровски, резидентниот координатор на ООН во земјава Росана Дудзиак, деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски, раководоителката на канцеларијата на ООН за родова еднаквост и зајакнување на жените во Скопје, претседателката на Комората на РМ за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска, претставници од Министерството за транспорт и врски, Армијата, МВР, Царинската управа, Противпожарната бригада на град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и други.
– Институциите од безбедносниот систем во последниот период работат на имплементирање на родовата перспектива во рамки на своите стратешки планови. Промовирањето и унапредувањето на еднаквите можности се начела од клучна важност за националните интереси и стратешките приоритети на државата, посочуваат организаторите.
Целта на форумот е акцентот да биде ставен на идните и конкретни чекори и политики што ќе се преземат во однос на предизвиците со кои се соочуваат жените професионалци во безбедноста. Клучни елементи на дискусијата ќе бидат меѓународните трендови и најдобри практики, институционалните проблеми и мерки што се преземаат и кои можни чекори треба да се направат во насока на подобрување на работните услови.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација