Бизнис
19. March 2019 - 8:27

Форум за предизвиците на компаниите за изнаоѓање квалитетна работна сила

Форум на тема „Предизвиците на компаниите за изнаоѓање квалитетна работна сила во модерното време“ ќе се одржи денеска во Тетово.

Ова е прв дел од форумот, што го организира проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.