Македонија
2. November 2016 - 8:37

Форум за Отворено владино партнерство

Во Скопје денеска ќе се одржи вториот форум за Отворено владино партнерство во организација на Центарот за истражување и креирање политики.

Форумот е насловен „Пет години Отворено владино партнерство: за ЕУ интеграции, одржлив развој и луѓето?“, а планирано е да се одржат три сесии.

Целта е на едно место да се соберат сите чинители чија работа на каков било начин е поврзана со целите на Отвореното владино партнерство и да ја подобри соработката меѓу нив.  

На настанот најавено е обраќање на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, постојаната координаторка на Организацијата на обединетите нации и постојана претставничка на Програмата за развој Луиза Винтон и на извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики Марија Ристеска.