Бизнис
11. May 2018 - 19:36

Форум во Охрид: Преку единствен регионален пазар до поевтина струја

Преку формирање на Регионален единствен пазар до поевтини цени на електричната енергија .Toa е најдобриот начин за зголемување на транспарентноста и конкурентноста на пазарот кој во крајна линија ќе донесе конкурентни цени на струја за потрошувачите по теркот на Западноевропските земји каде функционира единствениот пазар на електрична енергија истакна премиерот Заев на регионалниот форум на преносни систем оператори од Југоисточна Европа кој што се одржува во Охрид.

Вицепремиерот Анѓушев потенцира дека намалувањето на цените најмногу зависи од инвестициите во електро енергетскиот преносен  систем и добрата соработка во регионот .

Преносните систем-оператори се гаранти  на функционалноста на единствен пазар на електрична енергија затоа што се надлежни да овозможат стабилност и сигурност  во управувањето со националните електропреносни системи.

Целта на форум во Охрид е јакнењето и унапредувањето на меѓусебната соработка на преносните систем-оператори преку размена на искуства се со една идеја да ја постигнат заедничката цел а тоа е единствен пазар на електрична енергија.