Македонија
29. October 2016 - 9:14

Форум „Младите во изборниот процес“

 Во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи-Охрид денеска во Скопје ќе се одржи форум на тема „Младите во изборниот процес“ кој е дел од програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“.

Целта на форумот е да се споделат досегашните искуства и знаења на панелистите кои ќе им дадат поддршка на младите политичари.

- Претставниците на 15 политички подмладоци ќе ги изнесат своите ставови за нивната улога при креирање на младинските политики во изборните програми на политичките партии, како и нивната одговорност во креирање на подобри услови за развој на младите во државата, најави Институтот за економски стратегии и меѓународни односи-Охрид.