Форум „Инвестиции за долгорочен економски развој“
Форум на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Учесниците на форумот ќе дебатираат за регулативата во функција на бизнисите, пристапот до финансии и за светските инвестициски трендови.
Според најавата од ССК, на форумот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на ССК Данела Арсовска, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, и раководителот на ЕПИ ЦЕНТАР интернешнл Љубомир Димовски.
Форумот е дел од Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ што го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернешнл со Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.