Македонија
13. July 2017 - 16:49

Форплеј и Македонската филхармонија го отворија Охридско лето

Со незаборавен концерт на светски познатиот џез квартет Форплеј заедно со оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Емин Џијан стартува 57-то издание на најпрестижната културна манифестација Охридско лето.

Фестивалот за отворен го прогласи претседателот Иванов кој потенцира дека зачекорувањето на патот кон магијата е всушност чекорење кон патот на моќта.

По повеќе од половина век изградба на Охридско лето манифестацијата стои исправена пред предизвиците на модерното време истакна министерот Алаѓозовски пред многубројните присутни на Античкиот театар а  фестивалската порака ја испрати актерот Мето Јовановски.

На Охридско лето во 40те фестивалски денови ќе бидат одржани 57 културни настани а Охрид ќе биде домаќин на над 300 врвни уметници изведувачи и автори од 20 земји ширум светот.