Македонија
10. February 2019 - 16:35

Формирано Здружение на карневалски градови со цел промоција на карневалите

Во пресрет на карневалската сезона во Македонија која традиционално се одржува пред Велигденските пости, во Прилеп за прв пат се формираше Координативно тело на ФЕКК Македонија кое ќе функционира во составот на Федерацијата на европски карневалски градови. Во телото членуваат карнвеласките градови Струмица, Прилеп и Кавадарци, кои поединечно веќе се членови на FECC.

„Ќе даваме директни информации до Интернационалниот борд на ФЕКК за нашите активности, за кои се издаваат и месечни билтени, со кои ќе бидат запознаении ии Европа, но и светот за постоењето на Прилеп, Струмица, Кавадарци и други помали места“, рече Ванчо Ѓорѓиев, здружение „Прилепски Мечкари“, потпретседател на ФЕКК Македонија.

Целта на ова тело ќе биде поголема промоција на традиционачните маски како светско културно наследство, како што се „Прилепските мечкари“ или „Џоломарите“.

„Еве нашите пријатели од Словенија или Хрватска веќе ги подигнаа на ниво на заштитени групи преку УНЕСКО. Сите заедно да поведеме постапка овие наши раритети да ги подигнеме на културна вредност на целиот свет“, рече Алексдандар Цицимов, член на интернационалниот борд на ФЕКК.

Создавањето на ова тело ќе придонесе и за поголема промоција на карневалите во Македонија буквално во целиот свет.

„Ќе допринесе за промоција на градот и воопшто за алтернативниот или карневалски туризам кој што се повеќе го има во државите во целиот свет“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Прилеп наголемо се подготвува за 18-тиот по ред карневал „Прочка“ кој ќе се одржи на 10 март, а организаторите здружението „Прилепски Мечкарии“ и Општина Прилеп ветуваат дека тој годинава ќе биде вистинска атракција.