Свет
28. December 2017 - 16:59

Формирањето Соединети Европски Држави нема поддршка меѓу Европејците

Идејата на лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Мартин Шулц за формирање на Соединети Европски Држави не ужива голема поддршка меѓу Европејците, покажуваат резултаите од анкетата на онлајн компанијата „ЈуГов“.

Според истражувањето, 30 отсто од анктираните Германци изјавиле дека ја поддржуваат „идејата за Соединети Европски Држави“, со што Германија претставува земја што дава најголема поддршка на планот на Шулц, во споредба со останатите шест европски држави во кои е спроведена анкетата.

Француските испитаници, со 28 отсто, исто така во релативно голем процент ја поддржуваат идејата на Шулц. 

Мартин Шулц

Од друга страна таквиот предлог најмала поддршка има во Велика Британија, каде само 10 проценти од анкетираните изјавиле дека се „за“ идејата.

Во останатите земји опфатени со истражувањето - Данска, Шведска, Финска и Норвешка, процентот на оние кои ја поддржуваат идејата на Шулц изнесува меѓу 12 и 13 отсто. 

Лидерот на СПД, на почетокот на месецов предложи изработка на предлог-уставен договор со цел до 2025 година Европската унија да се трансформира во Соединети Европски Држави.