Македонија
6. November 2018 - 16:17

Формирана комисијата за помирување-копретседавачи Ременски и Александрова–Алијансата ја напушти средбата, ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше

Собранието го формираше меѓупартиското тело за помирување и интеграција, но без утврдени надлежности. Комсијата ќе ја предводат пратеничките Фросина Ременски од СДСМ и Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Членови ќе бидат и собраниските потпретседатели, координаторите на пратеничките групи, пратеници од двете најголеми политички партии и пратениците кои не се организирани во пратенички групи. Спикерот Џафери вели дека нема да биде дел од собраниската комсија, но ќе ги следи нивните активности.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да учествува во работата на собраниската комисија за помирување. Според партијата само целосна амнестија ќе значи подадена рака за помирување.

Денешната координација кај спикерот Џафери ја напушти и Алијансата на Албанците. Пратеникот Сурија Рашиди обвини дека на ваков начин власта се обидува на мала врата да протурка амнестија за учесниците во собраниските настани од 27 април, што за нив е неприфатливо.

Собраниското тело за помирување се формира на иницијатива на осумтемина пратеници на опозицијата кои го поддржаа процесот за проимена на Уставот. Комисија првично ќе биде фокусирана на собраниските настани од 27 април минатата година, но не се исклучува можност мандатот на телото да биде проширен и за решавање на други отворени политички прашања во иднина.